Големите германски компании ќе отпуштат повеќе од 10.000 работници

Големите германски компании, лидери во автомобилската, хемиската, механичката, фармацевтската и информатичката индустрија, ќе отпуштат повеќе од 10.000 работници, вклучително и високообразовани.
Причината се итните промени што ги одложија, а кои сега беа принудени да ги направат пониската побарувачка, високите цени на енергијата, помалиот профит, застарената структура на одлучување и особено – по порастот на клучните камати – скапите кредити.

Ако 2022 година беше одлична година за продажба на фрижидери, машини за перење и други апарати за домаќинство, минатата година насоките беа обратни.

Затоа, компанијата Miele планира да го намали бројот на вработени за 2.700, а BSH на Bosch до крајот на 2027 година за 3.500, од ​​кои 450 се во раководството, пишува RTV Словенија.

Зошто сега? Затоа што порано немаше потреба. Во последните години, поради ниските каматни стапки, компаниите добиваа практично бесплатни кредити, државата кофинансираше плати за време на пандемијата, а побарувачката беше висока.

Сега се различни времиња. Тие се карактеризираат со жестока конкуренција од странство, високи домашни цени на енергијата, повисоки трошоци за работна сила и упад на вештачка интелигенција.

Хемискиот гигант БАСФ со седиште во Лудвигсхавен „мора итно да преземе решителни и длабоки мерки за да обезбеди континуирана конкурентност“, според шефот Мартин Брудермилер. Ова значи и укинување на 2.600 работни места, објави SEEbiz.

Фармацевтот Баер поставува нови процеси на одлучување, па ќе го намали средниот менаџмент.

Добавувачот на автомобили ZF може да отпушти дури 12.000 луѓе. Преминот кон електрични автомобили ја намалува потребата од вработени за половина, дури и инженерите или програмерите не се заштитени од промените. Јазот помеѓу квалификациите на вработените и потребата за нови вештини расте.

Невработеноста во Германија е 6,1 отсто и годинава ќе се зголеми.