Големите ИТ компании ќе мора да имаат свои претставништва во Русија

48

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон со кој големите странски ИТ компании кои во земјата имаат повеќе од 500.000 корисници, ќе бидат обврзани да имаат свои претставништва во Русија од први јануари следната година.

Воведен е сет мерки што ќе ги обврзат странските ИТ компании да се придржуваат до руското законодавство. Доколку тоа не го направат, Москва ќе има слобода потполно или делумно да ги блокира нивните услуги во земјата.

Прелиминарната листа на компании што може да бидат опфатени со новиот закон вклучува 20 платформи и најголемите социјални мрежи.

Фото: Freepik