Големопродажната цена на струјата во Франција достигна рекордно ниво, надминувајќи 1.000 евра за мегават-час, што е за 1.000 отсто повеќе од пред една година, пишува весникот „Фигаро“.
За истиот период лани струјата во земјава била 85 евра за мегават-час, пишува весникот.
Весникот пишува дека зад ваквото поскапување стојат неколку причини – ограничување на испораката на руски гас во Европа поради конфликтот во Украина, како и исклучување на неколку нуклеарни реактори во Франција поради корозија. Само 24 од 56-те нуклеарни реактори на ЕДФ моментално работат во Франција.
Просечната цена на струјата во голем број земји од ЕУ денеска надмина 700 евра за мегават-час, потсетува РИА „Новости“.