Golf 9 под знак прашалник

83

Volkswagen минатата година објави дека огромното мнозинство од неговите стандардни модели (Golf, T-Roc, Tiguan и Passat) ќе добијат наследници, што ги израдува љубителите на класичните автомобили.

Меѓутоа, таа најава сега е доведена во прашање во случајот со новиот Golf.

Имено, новоименуваниот извршен директор на компанијата останува претпазлив за иднината на Golf. Томас Шефер во интервју за германскиот весник „Велт“ изјави дека одлуката за развој на моделот од деветтата генерација сè уште не е донесена. Тој го презеде раководството во VW оваа година и ја доведува во прашање иднината на Golf поради зголемените трошоци поврзани со развојот на автомобили опремени со мотори со внатрешно согорување.

Наскоро се очекува да стапат на сила регулативите за Еуро 7, а со нив ќе се зголемат цените на SUS автомобилите за 3 до 5 илјади евра, како што тврди Шефер.

Тој истакна дека дизајнирањето на нов SUS автомобил кој веројатно нема да има традиционален животен циклус од 7-8 години можеби не вреди, додавајќи дека е „исклучително скапо“ да се развијат возила усогласени со Еуро 7“.