Google бара авантуристи за мапирање на тешко пристапни места

48

google-trekker

Google започна нова пилот програма за Trekker, преносен камера – систем дизајниран за да ги “дофати” местата на Google Maps до коишто не можат да стигнат Street View автомобилите, велосипеди и сноумобилите.

Google го дизајнираше Trekker да може да минува низ тесни места, а минатиот октомври две вакви камери пушти да го мапираат Големиот Кањон.

Trekker – ите ги оперира андроид уред, составени се од 15 леќи поставени под различни агли во различни насоки за да може да се направи панорамски поглед од 360 степени, а тежи 18 килограми.

Google вели дека бара луѓе поврзани со туристички одбори, непрофитни организации, владини агенции, универзитети и истражувачки групи кои ќе сакаат да го носат трекерот на грб на следното патување. Ќе бидат разгледувани и апликациите на индивидуалци, но ќе мора да одговорат на многу прашања за да бидат избрани.