Google бара партнер за производство на “паметни“ автомобили

20

google-avtomobil

Технолошкиот гигант Google е во потрага по партнер од автомобилската индустрија со цел за пет години да ја реализира идејата за автомобили што самостојно се управуваат, пишува Wall Street Journal.

Главната цел на Google не е да стане производител на овие “паметни“ автомобили, туку да обезбедат технологија за развоj на овој вид возила, па производството планира да го препушти на друга компанија.

“Нашата цел не е да станеме производителите на автомобили. Ние бараме партнери за таков вид на соработка“, вели Крис Урмсон, директор на проектот на Google. Според него, најголемиот предизвик на Google е да се создаде беспрекорно софтверско решение, а не развој на хардвер.

Претходно, во мај оваа година Google го претстави прототипот на автомобил што се движи само со притискање на едно копче. Она по што се разликува од останатите возила е во тоа што ова нема сопирачки, педали и волан.