Google Chrome започнува со блокирање на Flash рекламите

80

 

google-chrome

Интернет пребарувачот на Google – Chrome, од овој вторник започнува со блокирање на некои интернет реклами коишто користат Adobe Flash технологија, пишува BBC.

Flash технологијата во изминатите 20 години имаше огромен удел во онлајн рекламирањето, но од Google тврдат дека овој формат ги оптоварува интернет страниците и ја зголемува потрошувачката на батеријата на мобилните уреди, што со еден збор значи деградирање на корисничкото искуство, пишува The Wall Street Journal.

Како алтернатива Google ја нуди HTML5 технологијата за овој вид на реклами, бидејќи има поддршка од голем број уреди и обезбедува слична функционалност како и Flash технологијата, но со поефикасни перформанси.

Оваа промена значи дека голем број организации ќе мора да ги променат рекламите со помош на AdWords Google, систем што автоматски ги конвертира Flash рекламите во HTML5.

HTML е основен програмски јазик којшто покажува како интернет пребарувачите да прикажуваат текст, слики и видеа.