Новата алатка на Google овозможува порачување на храна директно од Google Maps и Search со што корисникот не мора да се “префрла“ на друга апликација, пишува Mashable.
При пребарување на ресторани на Maps или Search, може да се нарача преку Order Online функцијата, односно корисникот одбира од достапните услуги за испорака за секој ресторан. Освен тоа, се прикажуваат и информации за цената на самата испорака.
Сега за сега со оваа алатка опфатени се DoorDash, Postmates, Delivery.com, Slice, и ChowNow, но од Google најавуваат проширување на портфолиото на услугата за кратко време. Компанијата, исто така, овозможува испорака на храна и преку апликацијата Assistant, што значи дека корисникот ќе може да нарачува со гласовна команда.
Фото: Pixabay