Google Drive се приближува до една милијарда корисници

4

На конференцијата Google Cloud Next, што се одржа во Сан Франциско, Google објави дека нивниот сервис за складирање на податоци во Cloud, Google Drive, до крајот на оваа недела ќе се придружи на елитното услужно друштво со повеќе од 1 милијарда корисници ширум светот, пренесува Tech Crunch.

Таму веќе се наоѓаат неколку производи на Google како што се Gmail, Chrome, Google Maps, YouTube, како и оперативниот систем Android и продавницата за апликации на Play Store. Google, сепак не сакаше да прецизира кој ден точно Google Drive ќе го добие милијардитиот корисник.

Во текот на изминатата година, Google работеше на проширување на услугите на сервисот Google Drive во делот поврзан со бизнис (како што се Team Drives и Drive File Streams), како и на алатки за бекап и синхронизација за популарниот MacOS компјутер.