Google формира инвестициски фонд за поддршка на старт-ап бизниси од Европа

22

google kompanija

Американскиот технолошки гигант Google најави дека ќе основа инвестициски фонд во чиј фокус ќе бидат европски технолошки компании во развој, јавува BBC.

“Фондот вреден 100 милиони долари ќе биде наменет за вложување во идеите на најдобрите европски претприемачи“, вели Бил Марис, партнер и член на управата на Google Ventures, фонд што ќе го нагледува реализирањето на овој проект. Тој верува дека старт – ап сцената во Европа има огромен потенцијал.

Седиштето на проектот ќе биде во Лондон, но од Google тврдат дека се подготвени за поголемо географско проширување.

“Забележавме нови силни компании што доаѓаат од Лондон, Париз, Берлин и поширокиот нордиски регион, а меѓу нив се Sound Cloud, Spotify, Supercell и многу други“, пишува Марис на својот блог.

Google се уште не открива кој тип на компании од Европа ќе добијат финансиска поддршка, но потенцира дека главен приоритет ќе биде финансискиот принос, а не стратегијата, што подразбира инвестиции во технологија и наука.