Google го купува стартапот за миграција на податоци – Alooma

68

Последната бизнис зделка на Google е купувањето на стартапот Alooma, а целта е да застане рамо до рамо со големи конкуренти на облак услугите, Amazon и Microsoft, пишува Reuters.

Со ова Google ќе ги следи двете компании во брзорастечкиот бизнис со ваков вид на услуги. Моментално Google Cloud поседува 8,5% од светскиот пазар со облак услуги, а Amazon е веднаш зад него.

Alooma, чиешто седиште е во Калифорнија, им помага на компаниите да ја поедностават миграцијата на базата на податоци во облак со алатка којашто овозможува пренесување податоци од повеќе извори во едно единствено “складиште“.

Фото: Alooma