Google го тужат 38 американски држави

58

Google се соочи со трета по големина тужба за два месеца бидејќи 38 американски држави и територии ја обвинуваат компанијата дека ја злоупотребила пазарната моќ за да се обиде да го направи својот пребарувач доминантен и во автомобили, телевизори и слични уреди, како што тоа го прави на телефоните.

Тужбата против матичната компанија Alphabet e само една во низата, бидејќи со тоа се соочуваат и Facebook и Amazon, коишто ја користат својата голема пазарна моќ за да ги победат конкурентните во потрагата за профит, пренесува Ројтерс.

Тужителите од судот ќе побараат од Google да се прогласи за виновен поради кршење на законите против формирање на трустови и да нареди поништување на сите договори за кои се смета дека се штетни.

Земјите не побарале парична казна од Google.

Фото: Freepik