Google и Facebook им помагаат на преживеаните во Непал да бидат во контакт

42

nepal

Луѓето кои живеат во места погодени од катастрофа или несреќа, меѓу останатото, се соочуваат со големи проблеми во потрагата по најблиските, преку телекомуникациските врски. Но, технологијата и социјалните медиуми го трансформираат начинот на кој поединците и групите се реорганизираат по одредена непогода и им овозможуваат на луѓето брз пристап до информациите.

Ваквите алатки се особено корисни во Непал, кој што беше погоден од силен земјотрес, а Google и Facebook се меѓу компаниите што развија апликации што помагаат во поврзување на луѓето во погодените подрачја и на нивните семејства и пријатели ширум светот.

fb safety check

Алатката Safety Check на Facebook им овозможува на корисниците да направат две нешта, во зависност од тоа каде се наоѓаат. Корисниците кои се во погодените подрачја може да се најават на Facebook, доколку тоа е можно, и да се пријават самите дека се на безбедно. Корисниците од целиот свет може да се најават и да изберат некои од пријателите кои сметаат дека се во погодените подрачја. Оваа апликација е развиена од страна на јапонски инженери по силниот земјотрес и цунами од 2011 година, пишува Washington Post.

google list

Google person finder има за цел да ги поврзе луѓето од погодената област со пријателите и семејството од целиот свет. Оваа платформа обезбедува отворена соработка за следење и пријавување на имињата на исчезнатите и лицата што се наоѓаат на безбедно.