Google и Universal подготвуваат револуција во употребата на вештачката интелигенција во музиката

32

Google и Universal Music преговараат како да ги лиценцираат гласовите и мелодиите на изведувачите за песни генерирани од вештачка интелигенција.

Се очекува разговорите да вклучуваат потенцијален развој на алатка за обожаватели каде што поединци би можеле да создаваат песни генерирани од вештачка интелигенција, но соодветните сопственици на авторски права ќе бидат платени. Уметниците би имале избор да бидат вклучени во процесот.

Според Фајненшл Тајмс, разговорите се во рана фаза и нема итни планови за лансирање на производот.

Разговорите го следат популарниот и неодамнешен тренд на обожаватели кои користат програми за вештачка интелигенција за да создадат музика што ги имитира гласовите и ритамите на изведувачите, правејќи да изгледа како да пеат туѓи песни или дури и нов материјал.

На TikTok има неколку вирални видеа со имитација на песни на изведувачи со вештачка интелигенција, обично без согласност на изведувачот.

На YouTube, на пример, можно е да се најдат голем број на кавери на популарни песни во изведба на „вештачкиот“ Френк Синатра.