Google им дава подолго отсуство и породилно на своите вработени

78

Google планира да го зголеми породилното и отсуството за своите вработени, пишува Business Insider.

Од компанијата информираат дека породилното отсуство ќе се зголеми од 18 на 24 недели, што е речиси 6 месеци. Татковството, пак, ќе се зголеми на 18 недели, наспроти 12 недели досега.

Google планира и да го зголеми платеното отсуство на своите вработени од 15 на 20 дена, со што се надева дека тоа ќе им помогне во борбата против другите технолошки компании во задржувањето на талентираните вработени и спречувањето на исцрпеноста.

Промените стапуваат на сила на 2 април, а исто така се и форма на компензација за вработените кои моментално работат повеќе време на далечина. Ова ги лишило од бесплатни оброци и други привилегии во канцелариите на компанијата.

Во моментов за Google работат околу 140.000 луѓе. Компанијата нуди и бесплатни телефони на своите вработени, како и можност да работат низ светот 4 недели.