Google инвестира седум милијарди долари во ширење на деловниот простор во САД

26

Google инвестира седум милијарди долари во ширење на деловниот простор во САД оваа година, заради ширење на мрежата на деловни единици и центри за податоци во 19 земји.

Google наведува дека милијарда долари ќе бидат насочени само кон ширење во Калифорнија, а целокупниот план ќе овозможи отворање на најмалку 10.000 работни места со полно работно време, пренесува CNBC.

“Продолжуваме со значајни инвестиции во нашиот деловен простор во целата земја, како и во нашата матична држава Калифорнија, каде оваа година ќе инвестираме преку милијарда долари“, вели Сундар Пичаи, главен извршен директор на Google.

Матичната компанија на Google, Alphabet, минатата година паузираше со потрошувачка на недвижнини поради пандемијата и првиот годишен пад на приходите на компанијата во вториот квартал од 2020 година.

Проширување на центрите за податоци се дел од агресивниот развој на бизнисот на Google поврзан со услуги во “облак“.

Фото: Pexels