Google ја купи компанијата за дронови Titan Aerospace пред Facebook

3

1

Google го купи произведувачот на дронови Titan Aerospace, пишува Wall Street Journal. Нема податоци колку платил Google за оваа компанија со седиште во Ново Мексико, но претходно се пишуваше дека Facebook преговара да го купи овој произведувач на соларни дронови за 60 милиони долари.

Изгледа дека Titan за Google ќе работи на неколку проекти – ќе собира фотографии ширум светот од високо, за Google Earth и Google Maps, а ќе помогне и при лансирањето балони во атмосферата во проектот Интернет за сите.

Titan Aerospace развива и произведува суборбитални соларни дронови кои можат да лебдат цели пет години без да се приземјат.

2

3