Google ја купи Skybox Imaging за 500 милиони долари

25

google

Google ја купи компанијата Skybox Imaging, што е чекор напред за интернет пребарувачот да испрати своја флота од сателити и да обезбеди пристап до најодалечените точки во светот, пренесува Associated Press.

Со оваа аквизиција од 500 милиони долари, Google ќе го подобри квалитетот на сателитските снимки што ги користи во своите дигитални мапи.

Google планира да го искористи сателитот на Skybox за дополнување на своите сателитски снимки за своите апликации Google Earth и Google Maps.

Светски познатиот интернет пребарувач направи околу 250 аквизиции во изминатата деценија, а преку нив успеаја да се прошират на нови пазари. Google троши и милијарди долари за истражување на нови технологии, од автомобили управувани од компјутери, роботи, па се до програми за забавување на стареењето.

Skybox е петгодишен старт – ап бизнис од Калифорнија, чие седиште е во непосредна близина на Google во Силиконската долина.