Google ја одложи изградбата на новото седиште

46

google-headquarters-bay-view(1)

Google ја одложи изградбата на новиот мега Googleplex. Претходно од компанијата најавуваа дека оваа година ќе започнат со изградба на новото седиште, а во 2015 ќе се преселат вработените. Новото седиште треба да се гради на земјиште земено под закуп од НАСА, во непосредна близина до сегашните канцеларии во Маунтин Вју. Изградба се одлага за шест до дванаесет месеци.

“Google сака да го “прочешла” архитектонскиот дизајн, изгледот и надворешноста на зградите”, изјави менаџерот Дан Рич.

Оригиналниот дизајн беше составен од девет закривени правоаголни згради. Дизајнот не беше нешто особено, но од Google велеа дека вработените во новиот кампус ќе бидат оддалечени најмногу две и пол минути пешачење еден од друг.

Портпаролот на Google го потврди одложувањето, велејќи дека сакаат новиот кампус да го направат одлично, еколошки одржливо место и за да бидат сигурни дека ќе го добијат тоа што го сакаат, многу се внимателни во процесот на дизајнирање.