Google ја отвори својата прва “физичка” продавница во Лондон

3

Google_Shop_London_thumb800Првата “физичка” продавница на Google го доби името The Google shop, а за нејзина локација беше одбран Лондон, поточно Tottenham Court Road.

Во неа ќе се продаваат разни Android уреди, од паметни телефони и таблети, до Chromebook лаптопи и Chromecast ТВ услуга. Освен тоа, Google во продавницата ќе одржува и туторијали за користење на различни уреди и апликации.

“Многу сме возбудени со овој проект. Сакаме на корисниците да им обезбедиме место каде што ќе можат да се забавуваат, експериментираат и научат нешто ново за уредите што ги нуди Google“, изјави директорот на маркетинг во Google, Џејмс Елијас.

Компанијата најавува отворање на уште две вакви продавници.

Google-Shop-London-600x400Googlestoregoogle-store-interiors-600x336googlestore4