Google ќе ги менува класичните лозинки со отпечаток од прст

28

Google започна процес на замена на класичните текстуални лозинки како начин на проверување на идентитетот на уредите што користат Android оперативен систем.

Компанијата полека почнува да воведува проверка со помош на отпечаток од прст за оние кои користат Chrome на Android.

Истражувањата покажуваат дека во овој момент постојат повеќе од 2,5 милијарди Android уреди, а околу 68% се на седма или на понова верзија. Тоа значи дека околу 1,7 милијарди уреди во еден момент можат да се пријавуваат без лозинка за услугите на Google.

Засега, целиот проект е ограничен на Google Password Manager.

Фото: Pixabay