Google ќе гради 15.000 домови, дел од проект вреден 15 милијарди долари

55

Технолошкиот гигант Google склучи партнерство со австралиската градежна фирма Lendlease со цел да изгради 15.000 нови домови во Силиконската Долина во САД.

Со ова компанијата планира да придонесе за недостиг од станбени и друг вид на единици за којшто Google и уште неколку технолошки компании се обвинети дека се “виновни“, пишува Irish Times.

Lendlease ќе работи на планирање, процесот на апликација и развој на 1,40 милиони метри квадратни простор што ќе опфаќа домови, продавници, угостителски објекти и комунален дел распоредени во три нови населби во Сан Франциско.

Според пресметките, за проектот да биде завршен ќе бидат потребни 10 до 15 години, а истиот ќе чини 15 милијарди долари.

Се очекува изградбата да започне во 2021 година, откако компаниите ќе ги обезбедат сите одобренија за градба.

Фото: Pexels