Фото: Pixabay
Google целосно ќе се снабдува со енергија од обновливи извори, односно ќе ги користи сончевата и енергијата од ветрот пишува Electrek.
Гингантот потпиша договори со три ветерници за испорака на повеќе од три гигавати од нивното производство. Инвестициите во енергетската инфраструктура на Google достигнаа повеќе од 3,5 милијарди долари на глобално ниво, а две третини од нив се во САД.
Компанијата прво потпиша договор во 2010 година за купување на целото производство од 114 мегавати од една фарма со ветерници од Ајова. Од ноември 2016 година па наваму тие учествуваа во 20 проекти за обновлива енергија.
Google уште во декември минатата година најави дека ќе преминат кон 100% користење на обновлива енергија. Компанијата е најголемиот корпоративен купувач на ваков вид на енергија со вкупна вредност од над три гигавати.