Google ќе развива технологија за избегнување дупки на патиштата

23

pothole-and-carGoogle ќе развива паметна технологија која што ќе пронаоѓа дупки на патиштата и ќе им дава насока на возачите во која насока да се движат за да го одбегнат лошиот пат, пишува Форбс.

Специјални шок сензори ќе ги детектираат дупките, а локациите ќе се означуваат со помош на GPS и ќе се испраќаат до централен сервер кој што пак ќе ги информира учесниците во сообраќајот кој алтернативен пат да го одберат.

Информациите ќе бидат потоа препраќани до локалните власти и агенции со цел да се посочат патиштата каде треба да се изврши соодветна поправка.

Сепак, за да можат да ја користат оваа услуга, возилата ќе треба да бидат опремени со сензори што можат да детектираат нагли промени на површината на патиштата како шок сензори или сензори на движење.

Оваа технологија за почеток ќе биде применета во САД.