Технолошкиот гигант Google потпиша договор со кубанскиот телекомуникациски монопол ETECSA, којшто вклучува подобрување на конекцијата во земјата и интернет сообраќајот помеѓу двете мрежи.
Куба важи за земја каде нема доволна мрежна покриеност, трошоците за интернет се големи, а многумина се жалат и на слаба интернет конекција, пишува Reuters.
Со цел да се надминат овие проблеми, Google и ETECSA заеднички ќе работат на создавање на бесплатна и директна конекција помеѓу двете мрежи. Ова ќе овозможи побрз пристап на содржина којашто е хостирана на серверите од двете технолошки компании, како и намалување на трошоците за интернет во земјата.
Куба моментално е поврзана на интернет преку фибер – оптички кабел од Венецуела, додека поголемиот дел од веб инфраструктурата на островот е кинеска.
Фото: Pixabay