Google купи деловна зграда во центарот на Лондон за 1 милијарда долари

151

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ потроши 1 милијарда долари за да купи зграда во центарот на Лондон каде што моментално е закупец, соопшти денеска компанијата.

„Гугл“ (Google), кој вработува 6.400 луѓе во Британија, планира да инвестира милиони фунти во реновирање на канцелариите во купениот комплекс Central St. Giles, кој се наоѓа во близина на Ковент Гарден  во центарот на Лондон, пишува Ројтерс.

„Имаме привилегија да работиме во Велика Британија речиси 20 години, а со стекнувањето на Central St. Giles „Гугл“ планира да ја реновира зградата за да се приспособат на директниот контакт на вработените за тимска работа, да обезбеди простор за виртуелни состаноци и да создаде работен простор на отворено за да им овозможи на вработените да работат на чист воздух“, соопшти компанијата.

Зградата беше во заедничка сопственост на Ligal & General Investment Management Rial Asset и Mitsubishi East London.