Google Maps ќе предупредува на рестрикции поврзани со Ковид-19

Google Maps на своите корисници ќе им испраќа предупредувања дали со некоја од мерките за заштита од Ковид-19 е опфатена рутата на нивното патување. Тие ќе добиваат информации за тоа дали на одредено подрачје ќе треба да носат заштитна маска или некое друго ограничување на движењето.

Најновата надградба на системот на Google Maps ќе овозможи да се види кога на станиците на јавниот превоз има гужва.

Предупредувањата за сообраќајниот метеж ќе може да ги добиваат корисниците од: САД, Велика Британија, Австралија, Аргентина, Белгија, Бразил, Колумбија, Франција, Индија, Мексико, Холандија, Шпанија и Тајланд.

Фото: Freepik