Google на преземања потрошил повеќе од Apple, Microsoft и Facebook заедно

29

googleGoogle на преземање на помали компании во последните две години потроши дури 17 милијарди долари, објави Блумберг. Покрај тоа, оваа компанија располага со готовински залихи од 56,5 милијарди долари.

Бројките се импресивни ако се направи споредба со конкурентските компании. Apple, Microsoft, Facebook, Amazon и Yahoo во минатите две години, на преземања заедно потрошиле 13 милијарди долари.

Најголемата аквизиција на Google беше во 2012 година, преземањето на Motorola за 12,4 милијарди долари.