Google направи листа на најдобри апликации за Android

21

Google-Play-4.0.25-Nexus-4

На крајот на годината, Google направи листа на најдобри апликации за Android, што ќе им биде од голема помош на корисниците кои на своите паметни телефони го имаат токму овој оперативен систем.

Без разлика дали долго време користите Android или пак за празниците на подарок добивте таков мобилен телефон, оваа листа на најдобри апликации ќе ви биде од голема корист, пишува порталот BGR.

Во виртуелната продавница Google play store има повеќе од еден милион апликации, но на листата се поместени најдобрите и најпопуларни. Дел од нив ги користат скоро сите корисници на Android, како што се Netflix app, eBay app, YouTube app, но има и помалку познати апликации што допрва треба да го најдат своето место меѓу корисниците.