Google објавува извештаи за движење на луѓето, проверете каде Македонците најмалку се движат

472

Google започна со објавување информации за локациите и движењата на луѓето за да им помогне на официјалните лица да следат дали се почитуваат мерките за време на пандемија на коронавирус. Google соопшти дека објавува збирни, анонимни податоци од 131 земја за да ги следи движењата на луѓето во различни временски периоди. На оваа листа е и Македонија, а од земјите од регионот се и Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Бугарија и Словенија.

Па така, податоците во нашата земја покажуваат дека во периодот од 16 февруари до  29 март посетата во трговски и центри и центри за рекреација има пад од – 74%, продавници и аптеки пад – 41%, паркови – 44%, транзитни станици -69%, а кај работните места – 51%.

Информациите се собираат од Google maps, други апликации и услуги за пребарување, но не се откриваат лични информации или контакти. Google планира да ги ажурира извештаите за движење на секои два или три дена.

Извештаите покажуваат дали повеќе или помалку луѓе одат во продавница, паркови, метроа, канцеларии…

Од компанијата соопштија дека здравствените лица рекле дека такви податоци може да им бидат од корист за донесување на одлуки за тоа како да се борат против ширењето на вирусот.

Листата на земји може да ја видите на овој линк.

Фото: Pixabay