Google очила за 1.100 евра

31

ocila

За само 1.100 евра ќе можете да го имате целиот свет на “дофат на окото“ и да добиете целосен пристап до сите информации од интернет со помош на новите Google очила, објави вчера Дојче Веле.

На Google очила не е лесно да се навикнеш. Оние кои веќе носат некакви очила, ова чудо на технологијата во првиот тест обично ги иритира. Сепак, она што тие Google очила ги прави атрактивни и практични е сите информации да ви бидат на “дофат на око“, иако речиси сите опции ги имате веројатно веќе долго време во своите паметни телефони.

На американскиот пазар чинат 1.100 евра, но се очекува кога ќе пристигнат на европскиот пазар да бидат поевтини.