Google+ оди во историјата

39

Она што технолошкиот гигант Google го замислуваше како социјална мрежа, не ги исполни очекувањата. И покрај обидите да го “врати во живот“, Google+, заминува во историјата.

За прв пат услугата беше претставена во 2011 година, како четврти обид на компанијата да креира сопствена социјална мрежа, пишува BBC.

Google+ започна како платформа каде што можеше да се пристапи само со покана, но за неколку месеци беше отворена за сите.

На неа можеше да се постираат фотографии и статуси, а беше препознатлива по “сортирањето“ на пријателите во таканаречени Circles (кругови) и групните видео повици преку опцијата Hangouts.

Google+  не дозволуваше користење псевдоними и акроними, што според експертите беше една од многуте грешки на платформата. Исто така, на почетокот, компании немаа дозвола да креираат свои профили и откако ќе беа откриени истите се бришеа од системот.

Фото: Pixabay