Google: Откачените прашања на интервјуата беа само губење време

43

googlerswithballsДо пред неколку години интервјуата за работа во Google се состоеја од чудни прашања, кои дури изгледаа како некој да си игра со вас и вашата интелигенција, на пример Колку ќе наплатите ако треба да ги измиете сите прозорци во Сиетл?  Или Зошто шахтите се тркалезни?

Сега гигантот конечно признава дека сите тие прашања биле непотребни.

Освен што ќе ги отфрлат овие непотребни прашања, Google повеќе нема да го гледа постигнатиот успех кај кандидатите. Лазло Бок, потпретседател на секторот за човечки ресурси во компанијата, за New York Times изјави дека нема значајна поврзаност помеѓу добар вработен и висок просек на тестовите.

Сегашната тактика на Google се бихевиористичките интервјуа со кандидатите, каде ќе добиваат прашања од типот на тоа како реагирале во одредени ситуации. Хипотетичките прашања ќе бидат исклучени.

“Она што е интересно кај бихевиористичките интервјуа е тоа што кога барате од некого да зборува за своето искуство добивате две различни информации. Преку едната ќе видите како кандидатот реагирал во одредена ситуација, а преку другата ќе ја дознаете “мета” информација, односно ќе видите која ситуација тие ја сметаат за тешка”, вели Бок.

Google ќе продолжи да ги бара лидерските способности кај кандидатите.