Google отвори дата центри во Азија

26

google data centarGoogle отвори дата центри во Тајван и Сингапур со цел да ги зацврсти темелите за понатамошно ширење во тој регион. Новите дата центри на Google ќе им обезбедат на корисниците од тој дел на светот побрз и посигурен пристап до нивните услуги и алатки. Се повеќе луѓе во Азија имаат пристап до интернет, а на овој континент живее повеќе од половина од вкупната светска популација.

“Интернетот во Азија расте со неверојатна брзина. Бројот на интернет корисници за две години двојно се зголеми, од 100 на 200 милиони. На САД и требаа шест години за да ја достигне оваа бројка”, изјави потпретседателот на дата центрите, Џои Кава, пренесува Ројтерс.

Google долгорочно планира во центарот во Тајван да инвестира 600 милиони долари, а во Сингапур 120 милиони долари.

Google има 12 интернационални дата центри, од кои седум се во Америка.