Google отвори едукативен центар во Њујорк

28

Google отвори привремен едукативен центар во Њујорк, којшто е планирано да работи пет месеци. Центарот ќе понуди работилници и курсеви од областа на ИТ секторот за сите што ќе бидат заинтересирани, пишува Engadget.

Објектот ќе зафаќа површина од 1.000 метри квадратни и ќе има неколку училници, каде членовите од заедницата ќе можат да присуствуваат на различни предавања, фокусирани на дигитални вештини.

Освен семинари, центарот ќе овозможи еден на еден тренинг и коучинг сесии, а ќе работи шест дена во неделата. Луѓето ќе имаат ретка можност да постават прашања директно на вработени во Google.

Дел од образовните настани ќе можат да се следат и онлајн со претходно одобрение од компанијата. Едукативниот центар е дел од иницијативата Grow with Google, којашто започна во 2017 година. За таа цел гигантот одвои една милијарди долари како помош на луѓето за што поефикасно и подобро едуцирање од областа на ИТ технологијата.

Фото: Pixabay