Американскиот технолошки гигант Google во САД патентираше паметни играчки во форма на кадифено мече и зајак, пишува порталот Wall Street OTC.
Според пишувањата на овој портал, станува збор за еден од најчудните изуми, бидејќи овие играчки може да го регистрираат присуството на луѓето во просторијата и да управуваат во електронските уреди, доколку корисниците го побараат тоа од нив.
Оваа кадифена играчка е опремена со различни видови на сензори, звучници, камери и микрофони. Токму поради оваа опрема, играчката ќе може да ги слушне наредбите на корисникот или да почувствува доколку некој влезе во просторијата.
Според патентот на Google, играчката може да комуницира со електронски уреди преку wi –fi или Bluetooth. Кадифеното мече или зајак ќе може да пушти музика или филм, кој би го побарал неговиот сопственик.