Google Photos ќе ги препознава лицата на домашните миленичиња

13

cat-401124_960_720

Фото: Pixabay

Google воведува нова опција којашто ќе ги препознава лицата на домашните миленичиња. Ако корисникот веќе има фотографии од неговот куче или маче, ќе има можност истите да ги види на едно место во Google Photos, пишува на официјалниот блог на Google.

Кога корисникот ќе посака да ги погледне старите фотографии од миленичињата повеќе нема потреба да пишува dog или cat во пребарувачот. Google Photos ќе ги препознава животните ако, корисникот има добра фотографија од нивниот лик.

Ова ќе го олесни креирањето на албуми, кратки видеа или фото книга со миленичиња. Освен групирањето на миленици, Google Photos има и други опции како пребарување според раса на куче/маче, или преку емотикони.