Властите во Турција изрекоа голема парична казна од 36,6 милиони долари што Google мора да ја плати. Казната е поради тоа што технолошкиот гигант го прекршил државниот закон за конкуренција.
Агенцијата за заштита на конкуренција на Турција објави дека Google го прекршил законот со усложнување на резултатите за пребарување на пазарот на услуги, со истакнување на текстуални огласи на врвот на своите резултати за пребарување, со што ги исклучил своите конкуренти.
Google ќе мора казната од 36,6 милиони долари да ја плати во рок од шест месеци и годишно ќе мора да поднесува извештај до Агенцијата.
Фото: Pexels