Google подготвува компактен флегшип смартфон

15

Компанијата Google го закажа својот годишен настан Made by Google за 6 октомври, за време на кој се очекува да бидат претставени серијата Google Pixel 7 како и Pixel Watch.

Сепак, компанијата работи на некои други уреди, вклучувајќи таблет Pixel кој се очекува во 2023 година, телефон со флексибилен екран и mini Pixel телефон.

Според доверливиот дојавувач Digital Chat Station, Google подготвува флегшип телефон со мал екран. Изворот вели дека телефонот го носи кодното име „Neila“. Уредот има “punch-hole” на екранот и дизајн на задната страна сличен на фамилијата телефони Pixel 6 и Pixel 7.