Google прекинува дел од соработката со Huawei

27

Фото: Pixabay

Технолошкиот гигант Google ја прекинува соработката со Huawei во врска со пренос на хардвер и софтвер, освен на оние производи што се опфатени со посебни лиценци за софтвер, пренесува Reuters.

Поради тоа, Huawei Technologies Co LTD веднаш ќе го загуби пристапот до надградба на оперативниот систем Android, а следната верзија на нивните паметни телефони надвор од Кина, исто така, ќе ги загубат популарните апликации и услуги, вклучувајќи ги Google Play Store и Gmail.

На крајот на минатата недела, американската администрација официјално го стави Huawei на црна листа, по што се ограничува и отежнува работењето на кинеската компанија со американскиот пазар.