Google претстави нова алатка за корисниците на инвалидски колички

17

access_3_1

Фото: Google

Интернет гигантот Google претстави нова алатка на Google Maps наменета за корисниците на инвалидски колички со цел подобро да се движат низ јавните транзитни патишта.

Сите оние кои имаат потреба од оваа услуга ќе можат на лесен начин да ги најдат патеките прилагодени на нивните потреби без разлика дали станува збор за подземни железници, плоштади, трговски центри, автобуски станици и слично.

Корисниците ќе треба само да ја напишат својата дестинација на Google Maps да ја одберат иконата за јавен транспорт и потоа да проверат каде имаат достапни патеки преку Options односно ознаката за патишта или Routes section.

Услугата е веќе достапна во Лондон, Њујорк, Токио, Мексико Сити, Бостон и Сиднеј, но од Google велат дека дестинациите наскоро ќе бидат проширени.