Google регистрира канцеларија во Бугарија

17

google

Google регистрира канцеларија во Бугарија и го разбранува ИТ секторот. Дилемата е дали само ќе продава реклами или ќе вработува програмери, јавува бТВ.

Оваа американска компанија има канцеларии во 40 земји. Сепак, во Европа само во Германија, Ирска и Холандија се ангажирани програмери за изработка на софтвер. Во останатите земји функционираат единици – трговски претставници, кои продаваат реклами на интернет пребарувачот.