Google сака и најсиромашните земји да имаат интернет

22

Google-internet-006Google планира да финансира и воведе безжичен интернет во сиромашните и неразвиени земји во светот и веќе започна разговори со властите на некои африкански и азиски земји со цел реализација на овој проект.

Според американските медиуми, интернетот на сиромашните земји би им помогнал во економскиот и технолошкиот развој. Затоа Google предлага сиромашните земји да ги користат брановите резервирани за телевизиските станици, кои на ниски фреквенции можат да минуваат низ згради и на долга оддалеченост и така да се обезбеди интернет.

На овој начин интернетот би бил побогат за уште една милијарда, па дури и повеќе корисници од сиромашните земји. Според сегашните бројки, интернет користат 2,5 милијарди луѓе на планетата.