Google склучи договор со 600 медиумски куќи за објава на содржини

51

Google објави дека склучи договори за објава на содржини со над 600 медиумски куќи низ целиот свет, најавувајќи дека за информативната програма ќе издвои милијарда долари.

Издавачи од десетина земји одобрија објава на содржини, а корисниците може да ги видат во Австралија, Аргентина, Бразил, Германија, Велика Британија и Италија, објави Ројтерс.

Претходно Google најави дека се потпишани договори со повеќе од 500 медиумски куќи.

Единствено барање на Google е издавачите да обезбедат одредена количина на содржини на дневна основа, а финансирањето би требало да им помогне на медиумските куќи да вработат новинари за уредување на содржини.

Програмата на Google би требало да трае до 2023 година, а компанијата планира да одвои милијарда долари.

Фото: Pexels