Google со 25 милиони евра ја поддржува борбата против лажни вести

22

Google ќе уплати 25 милиони долари во новооснованиот Европски фонд за медиуми и информации за борба против лажни вести.

Google го презема овој чекор по критиките дека технолошките гиганти не прават доволно за разоткривање на дезинформацииите што кружат низ интернет.

Пандемијата и изборите во САД минатата година предизвикаа голем пораст на дезинформациите, а некои ги критикуваа социјалните мрежи што активно не се вклучиле во решавање на тој проблем.

Европскиот фонд за медиуми и информации има за цел да ги собере научниците, експертите за проверка на информации, непрофитни организации и други тела што делуваат во јавен интерес за да помогнат во борбата против лажните вести.

Фондот ќе биде активен пет години.

Фото: Pexels