Google тестира комплетно нов редизајн на Gmail

46

gmail

Производите на Google постојано се тестираат “зад сцената“ со цел да се развијат и откријат нови и подобри функции. Комплетно нов редизајн Google тестира и за електронската пошта Gmail, пренесува Geek.com.

Постојаното надоградување на функциите и перформансите е дел од работата на Google, па така мала е веројатноста новиот изглед на Gmail да се случи во скоро време.

Без разлика на тоа колку често ја користите електронската пошта, секоја промена значи губење на дополнително време за прилагодување. Но, од друга страна значи олеснување во работата за секој клиент, а целта на Google е нивните производи и услуги да ги направат подостапни и едноставни за користење.