Google Translate чекор напред кон универзален преведувач

98

o-GOOGLE-TRANSLATE-facebookУниверзален преведувач веќе долго време е на листата на многу компании од областа на технологијата, но сепак ќе биде потребно уште многу време до остварувањето на оваа замисла, пишува Huffington post.

Како и да е, Google Translate со својот нов апгрејд на добро познатиот онлајн преведувач отиде еден чекор напред кон остварување на оваа идеја.

Google_Translate

Првиот дел од оваа надградба е гласовна команда на вашиот смартфон што преведува откако вие ќе го поставите прашањето на микрофонот од телефонот. Корисниците ќе можат да преведуваат од француски, германски, италијански, португалски, руски, шпански на англиски и обратно.

Втората алатка е визуелен преведувач, со која било каков печатен текст се “снима” во дисплејот на телефонот, слично како фотографирање и потоа се добива преведен текст на екранот. Ова може да го правите дури и ако немате интернет на телефонот.

Од 2001 па наваму, Google има своја апликација за превод на која постојано работи и ја усовршува. Во моментов познатата апликација Google Translate преведува на 90 јазици и бележи бројка од околу 500 милиони корисници месечно.