Google Translate се надградува со вештачка интелегенција

92

Апликациите Google Translate за Android и iOS добиваат поддршка за преводи офлајн со помош на вештачка интелегенција, пишува Engadget.

Тоа треба да овозможи попрецизен превод, особено во ситуации кога немате пристап на интернет.

Во првата фаза поддршката ќе биде достапна за 58 јазици, вклучувајќи поголем број на европски јазици, но и индиски, арапски, јапонски и кинески.

И покрај подобрената верзија, аплкацијата ќе зазема само 30-40 мегабајти повеќе меморија, а ќе може да ја косристат и сопствениците на поефтините телефони.

Овој потег на Google е одговор на воведувањето на офлајн преводите со вештачка интелегенција, кои пред месец дена ги лансираше Microsoft.

Фото: Pixabay