Google тргна 100 милиони линкови од својот пребарувач

22

googleСпоред податоците што компанијата Google редовно неделно ги објавува, сопствениците на авторски права од почетокот на годината побарале да се тргнат преку 100 милиони URL линкови од пребарувачот.

Барањата за отстранување најчесто доаѓале од претставниците на американската музичка индустрија.

Воедно, Google во извештајот до американските регулатори открил дека од почетокот на годинава презел 16 други компании, на што потрошил 1,31 милијарди долари. Најголем дел од оваа сума е потрошен за израелскиот стартап Waze, дури 966 милиони долари. Освен Waze, други позначајни аквизиции се Makani Power, Behavio и Wavii.