Google во “дил“ со воена компанија

34

Француската воена компанија Thales и американскиот Google ќе основаат заедничка компанија.

Компанијата ќе обезбеди  cloud услуги на државно ниво за складирање на некои од најчувствителните податоци во Франција, објавија двете компании.

Партнерството меѓу Тhales, најголемиот европски снабдувач на одбранбена електроника и Google го реализира планот на официјален Париз, усвоен во мај, со кој Франција ја призна американската технолошка супериорност во таа област, пренесува Ројтерс.

Француската влада тогаш соопшти дека  cloud услугите развиени од Google и Microsoft, може да се користат за чување на најчувствителните француски владини и корпоративни податоци, под услов услугите да се лиценцирани за француски компании. Во заедничко соопштение на Thales и Google Cloud се наведува дека ќе основа компанија со седиште во Франција и дека Тhales ќе биде мнозински акционер.